АктуелноОхрид

Утре редовна вежба за боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“ од страна на СВР

Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре (17.05.2023 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведе вежбовна активност за боево гаѓање.Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.

Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.