АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

За плата од 2000 евра за готвач и 1000 за келнер во Хрватска заминале 4.091 нашинци

„Се нудат плати од 2.000 евра за готвачи и над 1.000 евра за келнери и повторно многу малку домашни работници се пријавуваат“, вели Марина Цвитиќ, претседателката на Синдикатот на Истра, Кварнер и Далмација – јави порталот Сакамдакажам.мк

До крајот на април, на македонските државјани им се издадени 4.091 дозвола за престој и работа во Хрватска, додека во истиот период лани биле издадени 2.546 дозволи. Од нив, 746 дозволи се однесуваат на сезонското вработување“, велат од МВР на Хрватска за СДК.

Од 1 јануари 2021, хрватската влада веќе не утврдува годишни квоти за издавање работни дозволи за граѓаните на трети држави, во кои спаѓа и Македонија, бидејќи не е членка на ЕУ. Единствените ограничувања за еден странец се да не е осудуван за кривично дело, да не е закана за националната безбедност и јавното здравје и да нема забрана за влез во Хрватска, односно во Шенген зоната.

КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ ВО ОХРИД ? !  И додека младите бараат алтернатива надвор, во Охрид нема кој да работи, Компаниите ги рекламираат работните места и делумно ги покачија платите но работна сила и натаму нема онолку колку што им треба. Низ супер маркетите во градот се чека во редови за наплата на една каса, бидејќи недостасуваат касиери, а излозите на бутиците во чаршијата се облепени со натписи дека се бараат вработени.

НАЈТЕШКА Е СИТУАЦИЈАТА ВО ТУРИЗМОТ И УГОСТИТЕЛСТВОТО  Најпогодени од одливот на работна сила се туризмот и угостителството, кои во Охрид стагнираат со години, а во Хрватска цветаат со години , па логично е во тој сектор да се бара најмногу работна сила.