АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Бројни медали за „Хваранг Фист“ на турнирот „Кобра Опен 2023“ во Скопје

Девет златни, десет сребрени и седум бронзени медалји освоија таеквондистите на охридски „Хваранг Фист“ на Меѓународниот Таеквондо турнир во Олимписко Теквондо „Кобра Опен 2023“, кој вчера се одржа во Скопје.

На турнирот кој се одржа во организација на ТК „Кобра“ од Скопје, Македонската Теквондо Федерација и општина Гази Баба учествуваа повеќе од 250 натпреварувачи од 12 клубови од Република Македонија, Србија и Бугарија.

Клубот „Хваранг Фист“ учествуваше со 13 натпреварувачи од матичниот клуб и 10 претставници од подружницата – Таеквондо клубот „Сила“ од Скопје.

– Продолжуваме со подготовки за наредните турнири, во трка по нови бодови. Следува „Астерикс“ во Ниш, Србија на 20-ти и 21-ви мај, „Улцињ Опен“ во Црна Гора на 27-ми мај и „Хереја Опен“ во Софија, Бугарија на 10-ти и 11-ти јуни 2023 година, информираат од „Хваранг Фист“.

 

 

ohridpress.mk