петок, ноември 22, 2024
UncategorizedАктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Христијана Парулеска европски шампион, за прв пат на Европско Теквон-до ИТФ првенство се слушна и Македонската химна

За прв пат на Европско Теквон-до ИТФ првенство се слушна и Македонската химна,
Hristijana Paruleska европски шампион ,
спаринг борби -50 кг.
Најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” ,Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и сите наши подржувачи.
Македонската Репрезентација во Традиционално Теквон-до MTTF при ITF е сопственик на злато. За прв пат на големото европското првенство, кое се одржува во Језоло-Италија се слушна Македонската химна. Првото злато за Македонија, го освои нашата репрезентативка Христијана Парулеска која доаѓа од теквон-до клубот Hwa rang ITF од Охрид. Таа, на патот до финалето ги совлада репрезентативките од Бугарија и Хрватска, а во финалето ја совлада противничката од украина. – Златото ни е заслужено и според мене не е изненадување, чест и гордост е да ја слушаат и поздрават сите нашата химна. Знаеќи ги можностите на нашите репрезентативци. Очекувам и во преостанатите денови од ова Европско Првенство да прикажеме одлични борби и да се закитиме со уште медаљи. Сакам да го искажам моето задоволство, како Претседател на Македонската Федерација во Традиционално Теквондо MTTF при ITF што овие освоени медаљи ќе бидат мотив за многу деца и младинци да се запознаат со овој боречки спорт… -ни изјави селекторот на Македонската репрезентација Марјанчо Лазарески Да се присетиме дека, нашата репрезентативка Христијана Парулеска, на стартот на ова Европско Првенство го освои и сребрениот медал.