Охрид

Бугарско – српската „мека“ војна во Охрид

Бугарија и Србија живеат во мир и пријателство, но очигледно е дека двете држави многу го „сакаат“ Охрид, па изминатава една година тие кои гледаат малку и под површината, јасно гледаа дека двете страни водат „мека и безоловна“ војна во Охрид, која очигледно е дека Бугарија повторно ја изгуби.

Бугарско – српските натегања околу влијанието во Македонија траат повеќе од 200 години. Овие желби резултирале со три војни ( Втората Балканска, Прва и Втората Светска војна ) кои завриле со порази на Бугарија со што таа трајно се лишила физички да владее со овој простор кој толку многу го посакувала.

Денес е едно друго време, и влијанијата на нашите соседи, најблиски народи и браќа Србите и Бугарите се остваруваат во други форми, без користење на пушки бомби и пиштоли туку со примена на други „по меки“ работи од оловото.

Последнава година, во Охрид сме сведоци на два паралелни процеси на отворање на Бугарски културен клуб и Почесен конзулат на Србија.

И ајде да ги споредиме двете нешта, да видиме кој се репрезенти на едното, кој на другото, кој што сработи, и кој колку сработи за Бугарија и Србија и каква корист имаат од клубот и козулатот луѓето во Охрид ?

Бугарскиот културен клуб со сигурност не оствари никаква културна активност. Во клубот додека работеше не видовме ни една промоција на книга, не дојде ни еден бугарски кутлурен деец, не слушнавме да спроведоа некаква активност која би била барем добронамерна кон жителите и градот Охрид. Не видовме да донесоа во посета на Охрид ни еден познат бугарски спортист, писател, актер, да спонзорираат некаква културна активност во Охрид, да мрднат со прст барем со спомнување или средба на пример со потомците на Григор Прличев кои живеат во Софија, или со дел од потомците на славната фамилија Робевци кои исто така живеат во Софија. Но, ако се земе предвид составот на луѓето кои во јавноста не беа ни чуени ни видени по нешто, се до експонирањето на секретарот на клубот кој бил претепан ( а претходно и уапсен со наркотици ), јасно е дека не може ни да се очекува вакво нешто од тие луѓе кои беа експоненти на клубот, бидејќи дискутабилно е дали тие знаат кој биле и каде се денес Робевци, а не е многу веројатно да имаат и просечни познавања за ликот и делото на Григор Прличев.

Ако се погледне што правеа луѓето во клубот и со што во јавноста се експонираа ,може да се заклучи дека тие со месеци залудно ги трошеа парите кои веројатно некој им ги доделил, секојдневно пиеја кафе во кафичот лоциран до клубот и не правеа ништо што би имало врска со смислата на постоење на еден културен клуб или можеби правеле ама јавноста во Охрид тоа не усеа да види.

Од друга страна, паралелно со отворањето на бугарскиот клуб се отвори Почесниот конзулат на Србија во Охрид кој покажа сосема друга приказна. Србија именува лице многу добро познато на јавноста, со одреден личен углед и познато презиме за Почесен конзул во Охрид.  Конзулатот оствари бројни активности од хуманитарни до културни и спортски, притоа донирајќи различна технолошка опрема во Охрид, остварувајќи средби со луѓе од културната и спортска сцена на Србија, па дури и организира и спонзорира настапи на спортисти од Охрид во Србија.

Целта на овој текст не е да навива за успесите на српскиот конзулат и хаваријата која ја остави зад себе бугарскиот клуб, туку едноставно само да прибележи какви се во реалноста дејствијата и како граѓаните на Охрид го доживуваат овој специјален „мек и безоловен“ судир на бугарски и срспки влијанија во Охрид, во кои повторно Бугарија е целосно поразена, бидејќи со своите не промислени активности, чудниот избор на кадри и нивното не работење, само ги помогна и поткрепи па дури и бетонира на пиедесталот мудрите активности на другата страна.

Каде ја снема Бугарија ? Паметите ли дека до пред десетина години многу средношколци заминуваа на студии во Бугарија каде имаа право бесплатно да учат?  Паметите ли колку настапи имаше од балети, театри и музичари од Бугарија на Охридско Лето ? Што се случи со реално вредните експоненти , култура, спорт и дела на Бугарија кои беа присутни пред нашата јавност и во животот воопшто и како нив ги заменаа со некој поинакви појави ?

Љ.Т. Ohrid1.com