Во прерсет на одбележувањето на смртта од големиот охридски револуционер Христо Узунов, денес се одржа 6-от Меѓународен фоклорен фестивал за млади и деца „Христо Узунов“.
Пред платото во охридската чаршија продефилираа и настапија повеќе фоклорни здруженија каде покрај домаќинот КУД „Охриѓанка“ учество зедоа и КУД „Никола Маринковиќ“ од Белрад, Р.Србија, КУД „Брадарац“ од Пожаревац, Србија, како и КУД „Младост“ од Кичево.
Сите со своите настапи го претсавија својот фолклор автентичен од местото од каде што доаѓаат.
По повод одбележувањето на 24април денот на смртта на Христо Узунов, од страна на огранизаторот на фестивалот ИФФОМ ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен бистата на овој револуционер во Охрид.