четврток, ноември 28, 2024
UncategorizedОхрид

ЈП Колекторски систем демантира дека е одговорен за тврдењата изнесени во текстот: „Што тече во Охридско Езеро и за што служи ЈП Колектор„ од 19.03.2023 година.

Во демантот стои:

Најостро  ги демантираме изнесените лаги и невистини од страна на Вашиот портал во објавата  „Што тече во Охридско Езеро и за што служи ЈП Колектор„ од 19.03.2023 година.

ЈП Колекторски систем согласно Статутот на претпријатието,  врши собирање, одведување и третман на отпадни води од секундарната канализација на градовите Охрид и Струга. Грижата за сите притоки во водите на Охридското Езеро е на други институции, а не на нашето претпријатие. Непознавањето од Ваша страна не Ви дава за право да изнесувате невистини и лаги за што во продолжение Ви доставуваме и слики од реалната состојба на терен.