На 19.03.2023 година во 15.15 часот, во СВР Охрид приведен е маж на возраст од (50) години од селото Белчишта, општина Дебарца.
При преглед на возило „Алфа Ромео“ што тој го управувал, извршен на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.
Истиот ден околу 22 часот, во СВР Охрид приведен А.Д.(24) од Охрид. При преглед на патнички автомобил „Ауди“ што тој го управувал, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.