АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Гори блатото кај населбата „Црногорци“, делови од Горно и Долно Лакочереј без струја

Делови од Горно и Долно Лакочереј попладнево се без електрична енергија, откако во блатото кај населбата „Црногорци“ избувна пожар.

Жителите на социјалните мрежи реагираат бурно и напоменуваат дека ова се повторува секоја година.

– Секоја година истата приказна, само сега е проблем силниот ветер кој дува и постоеше и реална опасност и по дел од куќите. За среќа цела пожарна станица е тука, ама сепак ќе е тешко гасењето, велат за Супер радио и OhridPres.

Потенцираат дека сличен обид имало и синоќа и дека е крајно време некој да понесе и одговорност затоа што, според нив, не може некое неодговорно лице секоја година да го пали блатото, особено на ваков силен ветер.

Пожарот се гледа од Месокастро од каде што се направени и фотографиите:

 

ohridpress.com