Охрид

ГРК Охрид загуби на гостувањето во Кавадарци од Тиквеш

ГРК Охрид загуби на гостувањето во Кавадарци од Тиквеш во третото коло од плеј-офот во Супер лигата 28:24 (14:09).
Најефиксани на мечот беа Бојаниќ (Охрид) и Симиќ (Тиквеш) со по 7 погодоци. Брауновиќ на голот на Тиквеш имаше 9 одбрани, Миленковиќ и Цинцадѕе кај Охрид искомбинираа 6 одбрани.
Исклучувања:
Тиквеш – 8 минути
Охрид – 2 минути
7 метри:
Тиквеш 2/1
Охрид 7:6
Клубот и изразува благодарност на навивачката група „Рибари“ за поддршката во текот на целиот натпревар.
Во следното коло ГРК Охрид дома ја пречекува екипата на Алкалоид.
Битката за добар пласман во плеј-офот продолжува!