АктуелноОхрид

Одлични резултати на учениците од охридската Гимназија на општинскиот натпревар по физика

На 10.02.2023 година се одржа општинскиот натпревар по физика и сите ученици се пласираа за регионален натпревар кој ќе се одржи во април. Максимален број на поени освои Горазд Блажески од трета година , но исто така одличен успех имаа и Нина Стевоска, Константин Лушески, Ева Китрозоска, Кристијан Шишкоски, Ивана Базгалоска, Илија Волканоски, Дарио Павлески, Горазд Тримчев и Софија Ставрева. Учениците се под менторство на Димитрија Паункоски, Јасмина Јанева и Виолета Никовска, информираат од охридската Гимназија.