АктуелноОхрид

Охриѓанец пријавил дека кај Буково настанал пожар во неговото патничко возило „пежо“

На 16.02.2023 во 18.40 часот во СВР Охрид, 55 годишен жител од Охрид пријави дека настанал пожар во неговото патничко возило „пежо“ со охрисдски регистарски ознаки, кое го управувал на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на планинскиот превој „Буково“. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

извор: СВР Охрид