АктуелноОхрид

Христијан Пендиков за Бтв: Копнеам да се вратам во Македонија и на сите да им кажам дека сум Бугарин!

Копнеам да се вратам во Македонија и на сите да им кажам дека сум Бугарин, изјави охриѓанецот Христијан Пендиков во првото интервју, дадено за бугарската Бтв по излегувањето од болница.

– Сонувам дека еден ден ќе можеме да се вратиме во Македонија, да можеме безбедно да кажеме дека сум Бугарин и дека никој ништо нема да ми направи – и не само мене. На сите нас кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари, нагласува Пендиков.

Тој напомена дека имал информации дека може да биде нападнат и во Бугарија и дека е загрижен за неговите најблиски, особено за неговата мајка.

– Мајка ми постојано добива закани. И’ пишуваат коментари дека ќе ја убијат, дека сме предавници, дека треба да се иселиме од Македонија, дека не сме за таму. И јас не ги сакав Бугарите како мал, но подоцна се разбудив и станав македонски Бугарин. Во Охрид ме тепаа затоа што се пишував како Бугарин, вели Пендиков.

Тој изјави дека во Македонија било сосема нормално да се пцујат и да се тепаат луѓе, а полицијата ја обвини дека не преземала соодветни мерки.

Ја опиша и вечерта на нападот.

Веќе неколку дена Пендиков има деноноќна полициска заштита. Добива слики од оружје и закани дека луѓето ќе дојдат во Бугарија.

 

Видеото од комплетното интервју дадено за Бтв ОВДЕ.