Врз основа на Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Струшки вечери на поезијата а со огромна поддршка од директорот Емил Крстески и раководството на Архивот, охридскиот архив започнува со дигитализација на фондот “Струшки вечери на поезијата” со гранични години 1963-1990, со 50 архивски кутии.
Проектот е во целост во рамки на Државниот архив и подрачното одделение Охрид при што на дигитализација работат архивистите
Викторија Костоска
Елизабета Јованоска
Едис Абди
Мартин Ристовски
Сеадете Османи
Со овој проект преку дигитализација трајно би се заокружила и зачувала досегашната светска традиција на СВП.
All reactions:
Mishel Naum Naumoski, Ilker Mustafa and 24 others