АктуелноОхрид

Приведен албански државјанин кој агресивно се однесувал кон полициски службеници на регионалниот пат Охрид-Св.Наум

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид