Јас сум Климент Колоски – член на Црвена Младина од Охрид и во прилог следи мојот став кој би сакал да го пренесете како медиуми по прашањето: ЗОШТО ПОСТОИ АПАТИЈА КАЈ МЛАДИТЕ ОХРИЃАНИ СПРЕМА МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР — ОХРИД, ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ И СОБРАНИЕТО НА МЛАДИ?
Младинскиот Центар — Охрид (во понатамошниот текст МЦО) почна со работа на 12.10.2022 година. Досега, МЦО седум пати ги отстапи своите простории на заинтересирани организации, а двапати направи настани во своја продукција, што е засега поразителна статистика. МЦО во меѓувреме оформи волонтерски клуб кој отприлика брои околу 16 членови, но никој не се пријавува на повторените повици на МЦО за Медија и Креативниот клуб на МЦО.
На што се должи апатијата спрема овие клубови и општо за младинските политики кои (не) ги спроведуваат МЦО, Локалниот совет и Собранието на млади, треба да провериме кои личности се кријат зад овие младински институции во Охрид.
Јован Цветкоски — стендап комичар, раководител на МЦО, претседател на Локалниот совет на млади и делегат во Локалното собрание на млади. Уште на почеток читаме дека со обавување на две суштински функции во спроведувањето на младинските политики во Охрид (раководител на МЦО и претседател на Локалниот совет на млади) има судир на интереси во самите функции. Себеси се смета за потомок на Тимчо Муцунски, насекаде се истакнува како октопод кога е во прашање (не) спроведувањето на младинските политики во Охрид, има слаб лидерски капацитет, ги предаде интересите на младите со една средба со Сашо Донев и Александар Китески, транспарентноста му е на ниско ниво… Во превод, за платата што ја прима во МЦО, би го жртвувал и достоинството на охридската младина, без разлика каков став има истата таа младина.
Калина Стојаноска — волонтер во Црвен крст и претседавач со Локалното собрание на млади. Прилично молчелива и повлечена, не знаеме многу за неа, не знае која е одговорноста што ја носи на својот грб, неискусна, и во суштина, играч на корумпираниот систем кој е воведен од октоподот Јован Цветкоски.
Ангела Митеска — вечниот студент на Правниот факултет при УКИМ, вработена во МЦО, член на УМС и член на Локалниот совет на млади од редовите на УМС. Ги спроведува политиките на нејзината партија коишто се во спротивност на интересите на младите во Охрид и со преќутување на сите штетни процеси, се става во функција на интересите на октоподот Јован Цветкоски и нејзината политичка партија, наместо да се стави во служба на младите во Охрид. Сепак, платата е послатка, нели?
Иво Ристески — вработен во МЦО и член на СДММ. Има слична улога како и Ангела, а тоа е да ги спроведува политиките на неговата партија коишто се во спротивност на интересите на младите во Охрид и со преќутување на сите штетни процеси, се става во функција на интересите на октоподот Јован Цветкоски и неговата политичка партија, наместо да се стави во служба на младите во Охрид. И пак ќе прашам: ,,Сепак, платата е послатка, нели”?
УМС и СДММ Охрид — политички подмладоци коишто 31 година делуваат во Охрид, тие (не) прават сѐ што можат, но младината си оди и се откажува од живеењето во Охрид. Нивните политички партии, СДС и ДПМНЕ, само создаваат проблеми кога се во прашање младинските политики, а кога ќе им требаат политички поени или гласови на избори, најчесто популистички ќе решат некој ситен проблем како што беше случајот со студентскиот оброк за да се пофалат дека нешто направиле, а всушност тие го создале проблемот. Исто така, полна им е устата и со младите и ветуваат дека ќе ги решат горчливите проблеми на младите, но тоа не е случај. Во суштина, штеточини коишто само си ги гледаат своите интереси.
И, да не ги заборавиме ТВМ телевизија и новинарот Глигор Велјановски, кој сите овие споменати чинители безрезервно ги поддржува и им дава медиумски простор за да ја шират својата пропаганда. И тоа најчесто го прави така што спинува и ја искривува грозната вистина за погоре споменатите чинители, за да биде тоа во нивна полза…
Да заклучиме, апатијата кај младите во Охрид се јавува поради недовербата и непознавањето за младинските институции и Законот за младинско учество и младински политики и погоре споменатата екипа не работи воопшто во полза на младите, туку само ги црпи општинските и државните пари за да се раздолжи кај нивните партии за тоа што ги поставиле онаму каде што се.
Нема тука никаква борба за младите, тоа е само мачкање очи за да си ги осигураат местата кои си ги обезбедиле.
извор: ФБ Климент Колоски – Член на Црвена Младина од Охрид