Додека градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на ЈП ,,Комуналец”, Саше Најдески, се сликаа на охридскиот плоштад за време на верските празници Бадник и Божик, работниците на ЈП ,,Комуналец” Охрид и Василица ја поминаа без плата, се вели во соопштението од Левица Охрид.
Левица прашува:
Дали е точно дека причината за ваквата состојба во ЈП ,,Комуналец” е целосната исплата на сомнителниот тендер, склучен меѓу ЈП ,,Коминалец” и битолската фирма ,,Грин-Тим”, тежок 153.496 евра, за изнајмување на метачки, за кој Левица веќе ја информираше охридската јавност?
Дали е точно дека дел од износот, договорен со сомнителниот тендер, биле исплатени од сметката на Општина Охрид?
Дали е точно дека сопственикот на битолската ,,Грин Тим” е близок на структурите на ДПМНЕ, односно на вечниот пратеник, Александар Николоски и дека дел од средствата од овој тендер ќе бидат наменети за финансирање на неговата партија, иако овие средства се всушност народни пари?
Во исчекување на одговорите на овие прашања, Левица, како единствена работничка партија, остро реагира за состојбата на работниците во Јавното претпријатие, чии семејства се оставени без приходи за време на големите верски празници, за време на економска криза, само за задоволување на лични и партиски интереси на локалната власт.
извор: Левица-Охрид