петок, март 29, 2024
Охрид

(ФОТО) Традиционален годишен концерт на КУД ФАЛАНГА 2019 С.Лескоец – Охрид

На ден 25.12.2022 година во дом на култура во С.Лескоец се одржа годишен концерт, кој се одржува пред Нова Година. На настапот како специјални гости настапија Асоцијација за Фолклор “Плетенка” од Битола. Оваа година КУД ФАЛАНГА 2019 одбележува 4 година постоење. Културно уметничко друштво КУД ФАЛАНГА 2019 од Охрид е формирана со цел да се изучува, негува и презентира македонскиот фолклор и култура во земјата и во странство. Главна цел е запознавање на помладите генерации за нашата традиција, нашите корени, нашиот ентитет, затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ.

Културно уметничко друштво КУД ФАЛАНГА од Охрид ви ги честитат годишните и божиќни празници..