На 21.12.2022 околу 17.30 часот, кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при незаконит риболов со рибарска мрежа затекнаа 35 годишен жител од Охрид. Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура..
извор: СВР Охрид