среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Кривична пријава за 71 годишен охриѓанец кој во комплексот „Св.Стефан“, зазел површина од околу 180 метри квадратни и поставил лежалки и чадори

СВР Охрид поднесе кривична пријава против жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, зазел површина од околу 180 метри квадратни што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил лежалки и чадори за сонце

извор: СВР Охрид