сабота, ноември 23, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Левица: Новите вработувања во ЈП ,,Билјанини извори” се доказ за широката коалиција меѓу ДПМНЕ и СДС

До локалниот огранок на политичката партија Левица – Охрид пристигна информација за нови вработувања во Јавното претпријатие ,,Билјанини Извори” за двајца активисти од СДС, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.

Во продолжение н истото од партијата се додава:

Дали е точно дека обајцата активисти се вработени во сметководство и одржување без соодветно образование и без јавен оглас за вработување, а се вработени по ингеренции на секретарот и градоначалникот на Општина Охрид?

Оттука се поставува дополнително прашање: До кога ќе се крие широката колиција на двете партии кои веќе 30 години не работат во интерс на граѓаните, а работат спротивно законските обврски?

Левица – Охрид апелира да се престане со нови партиски вработувања на нестручни и несоодветни кадри, со оглед на состојбата во која се наоѓаат Јавните претпријатија, превработеност, загуби и сл.

извор: Левица ЛО Охрид