АктуелноОхрид

Вербална караница помеѓу три лица завршила со физичка пресметка во која бил употребен метален предмет – едно лице е во болница

На 10.12.2022 година во 12,30 часот, во работилница лоцирана на улицата „Кленоец“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу три лица од Охрид. Притоа, едното од нив со метален предмет, физички го нападнал другото кој е пренесен во „Општа болница“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

извор: СВР Охрид