сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Општина Охрид дава силна поддршка за учениците со специфични потешкотии во учењето

Општината Охрид дава силна поддршка за унапредување на правата и образовните услови за лицата и учениците со специфични потешкотии во учењето преку креирање на инклузивно општество за учениците со специфични потешкотии во учењето. Главен фокус на оваа активност е подобрување на образовните услови за учениците со дислексија, преку обука на наставниот и стручниот кадар во училиштата, кој за жал нема никакви или има многу мали познавања за оваа состојба. За таа цел воспоставивме соработка со Здружението за дислексија АЈНШТАЈН Скопје, кое претставува единствената организација во нашата држава која работи на оваа проблематика.
Дислексијата претставува состојба која се карактеризира со различно процесирање на пишаниот и говорниот јазик, или поедноставно е состојба која предизвикува проблеми со читањето,разбирање на прочитаното како и процесирање на информациите.
Започнавме со имплементирање на бесплатната обука за сите наставници, претставници на стручните служби која ја доставивме до сите образовни институции во општина Охрид и сите заинтересирани граѓани насловена „Дислексија: основи, идентификација, стратегии и поддршка„
Обуката се спроведува преку иновативната веб платформа за e-learning достапна на следниот линк: www.dyslxiacourses.eu или пак преку андроид апликацијата за мобилен телефон Dyslexia Courses достапна на следниот линк:
Обуката секој корисник може да ја започне во било кое време од било кое место, следењето на обуката/курсот може да се прекине исто така во било кое време и да се продолжи тогаш кога корисникот ќе посака. Самата обука е поделена во 4 модули, по секој модул следува тест за проверка на знаењата врз основ на кој корисникот ќе се стекне со дигитален сертификат за успешно завршување на курсот. Обуката ќе биде достапна за сите заинтересирани страни во период од 5 години односно заклучно со 2026 година. На следниот линк се наоѓа и упатството за користење на платформата и следење на курсот: https://dyslexiacourses.eu/wp-content/uploads/2022/11/Упатство-за-користење-на-DysCourseплатформата-1.pdf
Веруваме дека на овој начин ќе го дадеме нашиот скромен придонес за оваа категорија на граѓани-пишува во својата објава на ФБ, градоначалникот Кирил Пецаков.