Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 28ми Ноември до 4ти Декември, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.
Отстранети беа дефекти на следните улици:
– Нас.Рача
– С. Лескоец
– С.Љубаништа
– С. Трпејца
– С.Долно Лакочереј
– “Абас Емин” (2 дефекти)
– “Момчило Јорданоски” (2 дефекти)
– “Дејан Војвода”
– “Јане Сандански”
– “Сатеска” бр.22
– “1ва Мак.Ударна Бригада” (2 дефекти)
Во тек е поставување на новата линија на улица “Христо Узунов”, информираат од ЈП Водовод Охрид.