АктуелноОхридПоследни Вести

Познатата инфлуенсерка и мејкап артист од Охрид Маја Миа пронајдена мртва во Африка

Познатата инфлуенсерка и мејкап артист од Охрид Маја Миа пронајдена мртва во Африка Маја Јанеска (38) од Охрид, позната како Маја Миа, беше светски славна јутјуберка со повеќе од милион следбеници и на Јутјуб и на Инстаграм.

Маја беше позната по мејкап туторијалите. Живееше во Јужноафриканска Република, но постојано патуваше.

Родена е во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако медиумте од Африка шпекулираат на темата. Сепак нејзината смрт засега е мистерија.

Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

извор: ФБ Инстаграм