АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Пецаков: Охрид ќе се украсува за Нова година, забава ќе има на 31 декември и 1 јануари

Сеуште не е финализирана целосната програма за Новата година но како што истакнува првиот човек на Охрид , Кирил Пецаков, целокупната организација нема да чини повеќе од 12 илјади евра.

-Забава ќе има два дена на 31 декември и 1 јануари. Охрид ќе се украсува, тоа е туристичко место, туристички град и воопшто нема да трпи ниту на украсувањето, а ниту на Новогодишната забава, односно на оние кои ќе се погрижат за вечерта туристите да уживаат , секако и охриѓани. Ние како локална ако го тргнеме настрана ЈП Водовод, сите оние долгови дали биле по однос на греење, дали биле за електрична енергија или било како настанати и во образование сме ги исчистиле како локална самоуправа воопшто не должи. Имаме една друга работа тоа е јавното осветлување кое е приватно партнерство склучено 2014/2015 кое го стопанисува приватна фирма и тие си имаат посебен договор за набавка на електрична енергија така што  општината ќе нема било какви финансиски импликации за одржување на прослава, истакнува градоначалникот Пецаков.