АктуелноОхрид

Донев: Зошто го обвинуваат градоначалникот за зголемувањето на цената за закуп на тезги, кога реалноста е друга? Знаете ли колкав долг остави поранешната директорка, сега претседател на ОО СДСМ?

Зошто го обвинуваат градоначалникот дека ги покачува цените за закуп на тезги, кога реалноста е сосема друга, истакна претседателот на Советот на општина Охрид, Сашо Донев. Тој јавно ги запраша советниците од СДСМ зошто не излобираат како што лани Владата им помогна на ЈП зошто не им помогаат и годинава поради енергетската криза.

Донев прецизно образложи каква е состојбата во ЈП Градски Пазар, поради што на барање на УО и вработените точката за зголемување на цената за закуп на тезги е поставена на седница на совет.

„Ова е барање на УО, а не желба на градоначалникот и на локалната власт. Останат долг во ЈП е два милиони и петстотини илјади евра, а ова од портпаролот на СДСМ не го слушнав на прес конференцијата. Слушнав само обвинувања кои немаа никаква врска. Судски пресуди од претседателката на СДСМ од над 500 илјади денари поради тоа што „шиканирала“ вработени а сега тие вработени преку суд се вратени на работа и сега тие средства треба да се исплатат бидејќи следат камати. И ова портпаролот не го кажа. Ова го добив како информација од адвокат кој има побарувања од над 250 илјади денари поради тоа што добил судски спор, поради избркан вработен.  Потоа неисплатени управни одбори од поранешната директорка на ЈП сега претседателка на СДСМ, не исплатила УО во нејзино време и членови на СДСМ во висина од 360 000 денари. Неисплатени средства кон УЈП од сегашната претседателка на СДСМ, а претходно директорка. Е сега за овие средства е блокирана сметката на ЈП Градски пазар. Во меѓу време централната власт ја покачи минималната плата, но се зголеми и електричната енергија. По она што го знам вработените се самоорганизирале и наместо во седум канцеларии како што седеле порано сега седат во една сите, поради високите сметки за електрична енергија и поради тоа што немаат средства да ги исплатат тековните сметки. Сега сме доведени во ситуација да се блокира сметката на ЈП“, истакна пред советниците Донев.

Тој е категоричен дека доколку се согледа реалната состојба во ЈП не треба да зборуваме за по 10, 20 % цената на тезгите , туку Градскиот пазар може да биде затворен поради неислаќање сметки за електрична енергија.

„Затоа велам дека не треба да бидеме лицемерни на прес конференции кажани од централа туку треба да направиме финансиска анализа на работењето. Ова е одлука донесена на совет, а не одлука од градоначалникот. Ако не пак да донесиме одлука за технолошки вишок, па да ги избркаме половина вработени. За ова треба да разговараме отворено, кој е начинот како овие работи да ги исплатиме. А знам дека и цените на зеленчукот и овошјето се поскапени. Ние ги исплативме трошоците по управни одбори, а беа заостанати, дали се исплатени средствата кон УЈП и дали со овие цени кои ги имате можете да функционирате, еве нека кажат од ЈП“, истакна Донев.

извор: Охрид 1