АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Промоција на филмот „Каде си Адаме?“ во Бигорски

Во рамки на промоцијата низ повеќе градови во нашата татковина, ја имавме честа и кај нас во Бигорски да се емитува премиерата на филмот ,,Каде си, Адаме?“- документарец за Светогорскиот манастир на Светите Архангели Дохијар. Токму по иницијатива на продуцентот на филмот, ѓакон Александар Запорошченко, Бигорски стана еден од центрите за емитување, чии гледачи беа монасите, штитениците, гостите и околните жители на Дебар и Река.

Филмот со монашка тематика, сосем природно се вклопи во манастирскиот амбиент, каде веќе со години се негува Светогорскиот општежителен дух, под раководство и во послушание на еден Старец, Игумен – во нашиов случај Епископот, г. Партениј, со чиј благослов промоцијата беше проследена со интерес.

Деновиве ќе следат емитувања и во други градови (Кавадарци, Битола, Скопје, Струмица, Кичево) каде верниците, а и секој заинтересиран ќе има можност да ги проследи многукорисните духовни содржини на филмот. Најтоплосрдечно му се заблагодаруваме на г. Александар Запорошченко за издвоените труд и средства за доброто дело од кое многумина ќе имаат духовна полза.

 

 

Бигорски Манастир