среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Кај Скопјанец кој привремено живеел во Охрид полицијата пронашла марихуана и кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом во Охрид, што привремено го користел, полициските службеници од Одделението за борба против дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана и кокаин.

извор: СВР Охрид