АктуелноВидеаВидеоИнтервјуаОхрид

(ВИДЕО) Сашо Митан во „Охридски приказни“: Кој имал среќа утрово да се разбуди во Охрид, може да смета дека за денес доволно постигнал во животот

Мора сите заедно да се обидеме да ја продадеме приказната за Охрид. Мора да дефинираме точна стратегија, кој сакаме да доаѓа тука, кого го привлекуваме, што ние им нудиме на тие луѓе, знаеме ли точно што тие сакаат, вели Сашо Митан, првиот човен на охридското Супер радио, кое за неколку дена прославува роденден, односно 30 години успешна работа.

Супер радио е еден од најстарите приватни електронски медиуми во Република Македонија. Тоа е приказна која започна во ноември 1992 година и од тогаш негува свој сопствен и препознатлив став кон случувањата и животот во Охрид.

– Кој имал среќа утрово да се разбуди во Охрид, може да смета дека за денес доволно постигнал во животот. Секое понатамошно инсистирање на уште нешто, би било нескромно, го парафразира тој славниот Душко Радовиќ, во неговата изјава за Белград.

– Супер радио е релативно мала, но компактна екипа во која секој си го знае својот дел. Функционираме добро и некако успеавме да ги преживееме сите предизвици, економски, персонални, политички и човечки со кои се среќававме годиниве наназад. Околу политичките предизвици, можам да кажам дека јас можам да се врзам со човек, но тешко со партија или некоја таква групација. Јас сум индивидуалец, кој одлично игра во тим, но во тим кој јас го одбирам. Партиите ми се како оние продавници во кои се продава „Се’ за 100“. Таму ќе најдеш нешто што вреди 100, ама има многу со пониска вредност, ама пак се продава за 100, вели Сашо Митан во ноемвриското издание на „Охридските приказни“ со „Форт кафе“.

Со Митан разговаравме за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме сите и сите сме Охрид.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.

извор: Охрид 1