АктуелноОхрид

Инцидент во Кичево, маж се обидел да употреби остар предмет, по што е приведен

На 02.11.2022 година околу 17.00 часот во угостителски објект лоциран на улицата „11 септември“ во Кичево, 53 годишен маж од Кичево го нарушил јавниот ред и мир и физички нападнал 21 годишен жител од истиот град, по што се обидел да употреби остар предмет. Напаѓачот приведен, предметот е одземен и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид