Top NewsАктуелноглавни-вестиНаш изборНаш ИзборОхрид

Адвокати од Охрид се подготвуваат да го бранат Г.И. ако го гонат кривично за демолирањето на таблата на „Цар Борис Трети“

Адвокати ( порано активни во политиката ) од Охрид се подготвени да го бранат лицето со иницијали Г.И. кое со казма ја искрши таблата на бугарскиот културен клуб именуван по владетелот на Бугарија сојузник на Адолф Хитлер – „Цар Броис Трети“ .

Адвокатите вчера разговарале на оваа тема и констатирале дека лицето кое со казма ја искрши таблата најверојатно претходно било добро правно исконсултирано бидејќи ја искршило само таблата, не оштетило ништо друго, не нападнало  никого,  не пробало да влезе во клубот, не викало, не се заканувало туку едноставно дошло, со казма ја искршило таблата, предизвикало минорна материјална штета и си заминало само во Полиција.

„ Тој веројатно добро го проучил законот пред да оди и да ја искрши таблата. Тоа го направило во нервоза бидејќи реално е да се нервира секој нормален од името на таа табла. Лицето потекнува од регион во Македонија кој многу страдал во Втора Светска Војна, каде се убиени многу луѓе и имал причини да се чувствува лошо кога ја гледал таблата. Плус името на табата е на човек кој потпишал Закон со кој законски се убиени илјадници недолжни луѓе, жени, деца, стари луѓе. Човекот едноставно го искршил името на злосторникот и толку “ – коментира адвокат од Охрид кој едел од групата која е спремна да го брани Г.И.

Г.И. според из вори на „Охрид 1“ е лице родум од едно велешко село , преселен и живее во Охрид со години.