Граѓани на Охрид испраќаат фотографии од уличното осветлување во Стар Град – Охрид, на кои се гледа дека во стариот дел на Охрид некој луѓе ги крадат фенерите од уличното осветлување.
Овие фенери се во форма на традиционална охридска куќа и дизајнот е инспириран од архитектурата на стариот Охрид.
Деструкцијата во Охрид најголем дел од денешното население на градот ја претвори во стил на живеење, а зошто некој ги крадат овие фенери и што прават потоа со нив ( каде ги носат ) не е јасно.