Денеска во СВР Охрид приведен е 36 годишен жител од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид