Актуелно

Пожар во Охрид кај населбата Даљан – неофицијално има и повредени лица

Пожар избувна вечерва во Охрид, во близина на последните станбени згради кај маркетот „Шкор“, на излезот од градот, во населбата Даљан.

Според првичните неофицијални информации, во пожарот има и повредени лица, но засега нема потврда за нивниот број и здравствената состојба.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен и интервенираат во гаснењето на пожарот.

Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, ниту размерите на материјалната штета.

Се очекуваат официјални информации од надлежните институции.

Повеќе детали во текот на вечерта.