среда, ноември 20, 2024
UncategorizedАктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Охридскиот Хорски фестивал полека но сигурно го зазема приматот на културната мапа на Охрид и Македонија

Вечерва имав чест да присуствувам на свеченото отворање и да го прогласам за отворено 13тото издание на Охридскиот хорски фестивал.
Охридскиот Хорски фестивал заедно со фестивалот Охридско Лето и Балканскиот фестивал на народни песни и ора полека но сигурно го зазема приматот на културната мапа на Охрид и Македонија. Неговото значење е огромно не само на културен туку и на научно образовен, туристички и економски план затоа што од година во година расте бројот на посетители и гости кои доаѓаат во Охрид со желба да ја слушнат духовната музика и да бидат дел од ова случување кое се одржува неколку ноќи на различни локации во градот.
Посакувам успешно фестивалско издание и реализација на секоја содржина што сте ја предвиделе. Секако да одвоите време и за себе, да се прошетате низ убавиот Охрид кој е идеален склоп од традиционалното и модерно време. Посетете ги културно историските знаменитости, влезете во барем една од 365- те охридски цркви. За миг „заминете“ неколку столетија во минатото со посета на Античкиот театар и бидете дел од царска Македонија кога ќе стапнете на Самуиловите крепости. Ноќите минете ги крај нашето убаво езеро слушајќи го неповторливиот шум на брановите или посетете некое од бројните кафулиња на охридската ривиера, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.