АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема лице да зборува пред охриѓани откако ги покачи сите цени на штета на народот

СДСМ со кое лице зборува пред охриѓани кога ги покачи цената на водата, на колекторот, на струјата, на енергенсите, на што ли уште не и сето тоа на штета на народот.

Во споредба со другите општини охриѓани плаќаат пониски цени на услуги што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“.

СДСМ да си го бараат главниот виновник кај себе поради нивната неспособност, зголемените цени на енергенсите и покачувањето на минималната плата.

Крлев пред да прочита што му напишале треба да се информира кај Координаторката на советничката група од неговата партија за да му пренесе заклучоци од средбата на Градоначалникот, Директорите и сите Координатори во Советот за проблемите со кои се соочуваат јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Водовод“.

СДСМ наместо лажна грижа за граѓаните нека одржат прес пред Бихаќка или пред Општина Центар за цените на услугите, а не пред охриѓани пред кои немаат ниту лице, ниту образ да се појават.

Додека ВМРО-ДПМНЕ како Локална власт носи мерки во интерес на народот, СДСМ ја доведе целата држава под енергетски и економски колапс и бесрамно заработуваат на грбот на народот.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид