Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи „Безбедно лето”, на 24.08.2022 полициски службеници од СВР Охрид спроведоа повеќе превентивни активности.
Во автокамп „Градиште“ и паркинг местото на плажа „Оревче“ беше спроведена превентивна активност „Заштити се од кражби на возила“ и притоа беше разговарано со граѓаните и им беа поделени совети како сами да се заштитат од потенцијалните кражби на возило.
Исто така, на бул.„Туристичка“ беше разговарано за тоа како граѓаните да се заштитат од кражби и тешки кражби во куќи и станови.
Во рамки на сите активности беа поделени и летоци со едукативна содржина.
СВР Охрид