АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОО СДСМ Охрид: Охриѓани нема да плаќаат за неспособноста на Локалната

Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Кирил Пецаков воопшто не работи во интерес на граѓаните и нивната економска стабилност. Пецаков не пропушта прилика да каже како охриѓани тешко врзуваат крај со крај притоа критикувајќи ја економската политиката на централната власт, а сега неговата локална власт ќе удри по џебот на граѓаните покачувајќи ги цените на услугите на ЈП “Охридски комуналец”. Ова е уште еден доказ за погрешното менаџирање на оваа локална со јавните претпријатија и тоа на штета на граѓаните. Освен физичките лица, не се изземени ни правните лица на кои им се товарат околу 20 % и повеќе покачување на услугите. Со кое лице ќе ги покачуваат цените кога градов цело лето се дави во ѓубре, кога преполните контејнери и неисчистени улици се секојдневна грда слика и за охриѓани и за туристите.
Како ќе го оправда ваквото однесување?! Кои трошоци на претпријатието се зголемија па за да ги зголеми трошоците на охриѓани? Што се крие позади ова?
Дали се вистините наводите дека претпријатието и локалната за изнајмување на машини за чистење на градот од битолска фирма за подигнување отпад и метачки трошат фрапантен износ од неколку илјадници евра МЕСЕЧНО ? Неколку илјадници евра МЕСЕЧНО !!! Дали тоа можеби сакаат да го покријате со народски пари па зголемуваат цени на услуги за граѓаните ?🚨🚨🚨
Претседателот на совет, Сашо Донев на една од минатите седници вети дека ќе формира комисија од советници од сите политички партии во советот за да ги разгледаат проблемите во јавните претпријатија и да изнајдат начин за нивно порентабилно работење. Зголемувањето на цените требаше да биде крајна варијанта. Но, ниту комисија се формира, ниту се разгледа друга можност. Најлесно е да се земе од граѓаните. Тие треба да ја платат неспособноста на кадрите односно некадрите кои ја водат Локалната и јавните претпријатија. ⛔
Е па почитувани локални патриоти, доста е со популизам и со критизерство. Поставата од ДПМНЕ наместо да кажува како централната власт се справува со светската економска криза нека се грижи како менаџира на локално ниво.
Охриѓани нема да плаќаат за нивната неспособност!
ФБ СДСМ Охрид