АктуелноОхрид

(ФОТО) Започна со реализација на проектот „ Виртуелна реконструкција и изработка на макета на римската гробница од Видобишта во Охрид“

Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид од 20.07.2022 година започна со реализација на проектот „ Виртуелна реконструкција и изработка на макета на римската гробница од Видобишта во Охрид“.

Во рамки на овој проект досега е извршено теренското документирање, а во периодот што следи ќе се работи на кабинетска обработка на материјалот, со финален продукт идејна виртуелна реконструкција на гробницата и изработка на макета од истата. Идејната виртуелна реконструкција ќе биде јавно достапна на електронските медиуми, додека пак, макетата ќе биде поставена во просториите на Музејската зграда „Куќа на Робевци“. Овој проект е финансиран од Општина Охрид согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година.

извор: ФБ Завод и музеј Охрид
фото: ФБ завод и музеј Охрид