Почитувани богољубиви и благочестиви браќа и сестри во Христа Бога.На ден 27.08.2022 година од 17.30 часот Сабота во славна Малесија поточно во с.Збажди ќе се оддржи еден несекојдневен и неповторлив музички настан изведба на МАКЕДОНИСИМО од страна на нашиот светски многу почитуван пијанист,професор,културен деец и голем Македонец во душата многу почитуваниот Симон Трпчески.
-Затоа ве повикувам масовно да земеме учество на истиот несекојдневен настан да му дадеме целосна поддршка на нашиот многу ценет Симон Трпчески што токму го одбра своето родно село од каде што му потекнуваат неговите македонски корени,а за наша среќа се наоѓа во наше блиско опкружување.Нека Господ Бог му дарува сила,љубов,мудрост и истрајност на нашиот брат во Христа Бога да го изведе успешно замислениот несекојдневен македонски културно-уметнички спектакл.Се гледаме масовно во с.Збажди.На многаја лета македонски народе.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.
Следно: најавтентичното опкружување за македонска претпремиера на МАКЕДОНИСИМО!
Селото Збажди (родното место од мојот татко), во револуционерна Малесија, 27.08.2022!
Следете го претстојниот македонски музички „огномет“!