Во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од денеска побарајте ги следните нови наслови:
„Ирене“ и „Крвава венчавка“ од Пјер Лемтер, „Овој човек“ од Џоди Елен Малпас, „Париската сопруга“ од Пола Меклејн и „Затвори ги очите“ од Рејчел Абот.
Сите книги се од издавачката куќа „ Книгохоличари“.
Потсетуваме дека годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.
До почетокот на септември, НУ Библиотека за читатели е отворена секој ден од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.
НУ Библиотека