63-годишен охриѓанец во текот на вчерашниот ден, пријавил во Полициската станица во Гостивар дека еден ден претходно, на 3-ти август 2022 година бил измамен од лице за сума од 19.000 денари.
– Лицето му се јавило и се претставило како менаџер во угостителски објект во тетовско и му порачал угостителска опрема. Како што е пријавено, лицето побарало од него при доаѓање од Охрид на влез во Гостивар да се сретне со друго лице, да земе дел за комбајн и да му го плати, а кога ќе се видат во Тетово ќе му ги даде парите. Според пријавата, откако ги дал парите го барал лицето, но не можел да го добие по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
извор: МВР
фото: Архива