АктуелноОхрид

Каде е нашата еко култура? ЈП Охридски комуналец работи во три смени, се подигнува двојно повеќе од отпад

Охрид  преполн со гост. Некултурата „исплива“ на виделина. Оние кои оставаат купишта смет на плажите, улиците … најгласни дека Охрид не е доволно чист.  На социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од смет низ центарот на градот.  Дел гостите во македонскиот туристички бисер, претежно домашните, зад себе оставаат купишта ѓубре и не само што отвораат еден куп работа за локалната комунална служба туку на дело ја истакнуваат и сопствената (не)култура и (не)грижа кон животната средина.

ЈП “Охридски Комуналец”Охрид со полни раце работа. Вработените извршуваат работни задачи во три смени, секојдневно се врши празнење на сите корпи за отпадоци од јавни површини, а зголемена е динамиката на празнење на контејнери со цела можна работна сила и расположлива механизација.  Ова ЈП е формирано за извршување на комунални и други дејности на територијата на општина Охрид со цел да се одговори на потребите на градот и населението, како и посебните потреби кои се јавуваат во Охрид како туристички центар.

„Поради зголемениот број на туристи, посебно во летниот период активностите за одржување на јавната чистота и хигиената се зголемени како во однос на ангажирање на работници така и во однос на активирање на возила и опрема. Зголемување на активностите на јавното претпријатие се однесува во однос на собирањето, транспортирањето и депонирањето на комуналниот отпад кој во текот на туристичката сезона е двојно поголем отколку надвор од сезоната. Сакам да напомена дека количината на собраниот комунален отпад е двојно зголемена во споредба со изминатиот период односно заклучно со 06/2022 година изнесува 69.339,оо м3 што е значително многу за овој период од годината. Очекуваме во наредниот период односно во претстојните летни месеци количината на подигнат отпад да изнесува двојно повеќе од отпадот собран во месец јуни 2022 кој изнесува 14542 м3“ , истакна ВД Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, м-р Сашо Најдески.

Најдески додава дека покрај комуналниот отпад, јавното претпријатие врши собирање, транспортирање и депонирање на шут, кабаст отпад, зелен отпад со што количината на подигнат отпад од тој аспект е исто така, зголемена во споредба со изминатиот период.

„Во поглед на одржување на хигиената на плажите можам да кажам дека, секојдневно се чистат и плажите на потегот од Сараиште до Хотел Даљан како и од пристаништето по источната Ривиера. Поставени се поголем број канти за отпад, ангажирани се лица кои во раните утрински часови го берат комуналниот отпад од плажите. На некои од плажите кои се најпосетени воведена е работа во две смени како би се постигнала чистотата на завидно ниво како што доликува за нашиот град. Со оглед на тоа што во овој период е констатирана поголема гужва, поставени се поголем број на контејнери и корпи за отпадоци посебно во централното градско подрачје и по езерскиот кеј.
Во однос на механизацијата, воведени се и дополнителни возила за собирање, транспортирање и депонирање на комунале отпад, а ангажирани се две возила – цистерни и едно специјално возило-метачка кој е надополнување на рачното метење. Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно редовните активности на јавното претпријатие на места со поголема фрекфенција на луѓе и возила а со малата цистерна се мијат потесни улици каде што нема пристап за голема цистерна“, вели директорот Најдески.

извор: Охрид 1

фото: Охрид 1