АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхридПоследни Вести

„Комуналец“ чисти додека младите се забавуваат на изгрејсонце во центарот на Охрид

ХЕРОИТЕ на Охрид го „гланцаат“ градотХЕРОИТЕ на Охрид го „гланцаат“ градот

Екипите на ЈП Охридски Комуналец продолжуваат со своите редовни активности, додека атмосферата во центарот на Охрид на изгрејсонце е весела и забавна.

Секое утро млади луѓе се на „Кеј Македонија“ каде продолжуваат да се дружат  изабавуваат, додека околу  нив „врти“ механизацијата на „Комуналец“ и работниците.

Охрид секоја година околу 2 Август е мека на забавите во Македонија, во градот има десетици концерти , а бројот на млади луѓе кои доаѓаат во Охрид да се забавуваат се мери во илјадници.

Сето тоа создава енормни количини смет кои вработените во „Комуналец“ ги отстрануваат секое утро, и го одржуваат градот чист.

Охридската чаршија исчистена од куповите смет , фотографирана во 6 часот и 30 минути
Охридската чаршија исчистена од куповите смет , фотографирана во 6 часот и 30 минути

Граѓаните на Охрид и туристите се целосно свесни за ова, па неретко и самите граѓани постираат фотографии од комуналците кои ги нарекуваат ХЕРОИ на Охрид.

ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ВИДЕОТО КАКО БЕШЕ УТРОВО ВО ОХРИД

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ohrid.1