Охрид

Поради ковид Каролина го откажа концертот во Охрид

Каролина Гочева поради ковид го откажа концертот што на 4 август требаше да го одржи во Охрид. Таа вели дека не се чувствувала добро, па откако направила тест за корона, тој покажал дека е позитивна. Пејачката најави дека со охридската публика ќе се дружи наесен.

„Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но, од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен“, напиша таа на социјалните мрежи.