АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Надица Велјаноска од Охридската гимназија со најдобар резултат по англиски јазик на државата матура оваа година

Оваа година, според податоците добиени од Државниот испитен центар, 8 ученички постигнале одличен успех на државната матура по предметот англиски јазик со 99,97 перцентили. Тоа се Фани Јованова од СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци, Надица Велјаноска од ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Софија Кочовска, Ана Наумоска и Киара Педрони од СУГС „Орце Николов“ во Скопје, Стефанија Смиланска од СОУ „Ванчо Прке“ во Виница, Ана Трифуновска од СУГС „Јосип Броз Тито“ во Скопје и Рада Чоп од СОУ „Јане Сандански“ во Струмица.

Според Надица Велјаноска, балансот е клуч за успешен живот

Надица вели дека за неа балансот е клуч за успешен живот.

– Денот има 24 часа и мислам дека со добар распоред може да бидат продуктивно искористени. Само неколкучасовно учење и релаксација со пријателите ги носат посакуваните резултати – вели Надица.

Изучувањето на англискиот јазик од најрана возраст ѝ помогнало при полагањето на матурата со оглед на тоа што создала континуитет, па полагањето на матурскиот испит било еден вид евалуација на нејзиното знаење. Своето академско образование планира да го продолжи на Медицинскиот факултет во Скопје затоа што е фасцинирана од функцијата и градбата на човечкото тело.

 

fakulteti.mk