Измени и дополнувања со ребалансот на буџетот на Општина Охрид за 2022 г.!
Основно образование:
Ангажирање кадар за организирање продолжен престој и ангажирање наставници по италијански јазик како факултативна настава во основните училишта ,,Св. Климент Охридски” и ,,Христо Узунов” (1.000.000 се заменува со 1.500.000).
„Нашите првачиња” за секое запишано прваче по 3000 ден. еднократен надомест (предвидени 1.550.000).
Изработка на ДУП со предвидена сума од 250.000 ден. со цел изградба на ново училиште ,,Григор Прличев” и надградба на детската градинка.
Комплетно да бидат исплатени долговите на ООУ ,,Григор Прличев” (2.000.000 се заменува со 4.065.000).
Средно образование:
ОСУ „Св. Климент Охридски”
Партерно и хортикултурно уредување на дворно место и ограда (8.809.000 се заменува со 10.009.000).
2.000.000 за набавка на клупи и врати.
2.500.000 за тековно оддржување на училишни објекти.
СОСУ „Св. Кирил и Методиј”
Инсталација на нов систем за греење (6.000.000 се заменува со 11.500.000)
17.000.000 за реконструкција, партерно уредување и електрика.
500.000 за набавка на смарт табли.
ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”
600.000 за набавка на компјутери.
2.900.000 за набавка на клупи.
За сите три средни училишта:
Изработка на проекти (нови 1.000.000).
Купување училишна опрема (135.700 се заменува со 1.293.000).
Купување училишна опрема, мебел и книги за библиотека (1.803.000 се надополнува со 60.000).
Детска заштита:
Промена на дограма во холовите и економскиот дел во објект ,,Лихнида” од детската градинка (451.704).
Здравствена и социјална заштита:
„Образовен додаток” еднократно по 6000 ден. (предвидени 720.000) за студенти од Охрид кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни или еднородителски семејства.
*Сите суми се во денари.
Вистинска грижа за децата и наставниците!
Образованието на пиедестал!
-објави на својот ФБ профил советникот од ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиновски.