вторник, ноември 26, 2024
АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Китески: Помина времето кога Боки 13 и други рекетари земаа по 50.000 евра

Помина времето кога по ходниците на општина Охрид често можевме да го забележиме Боки 13-ка и слични рекетари на него, кои претставувајќи се како менаџери што работат со познати музички звезди им беа трансферирани и износи од по 50.000 евра, напиша на својот ФБ профил секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.

Во објавата Китески додава:

Сега за разлика од порано посветено работиме на тоа преку културни манифестации да ја збогатиме и продолжиме туристичката сезона, а таква манифестација ќе биде и Фестивалот на виното и музиката во Охрид која ќе се одржи за 8-ми Септември и ќе трае 4 дена, а за таа цел предвидени се средства во ребалансот на буџетот на општина Охрид кој беше донесен на денешната седница на Советот на општина Охрид.

извор: ФБ Александар Китески
фото: Охрид 1