Обвинителот од охридското обвинителство, Воислав Димоски, кој е и кандидат за уставен судија предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, си поднел оставка од функцијата пред да биде разрешен откако против него била поведена дисциплинска постапка. Димоски на својот ФБ профил напиша:
-На мојата радост и’ нема крај!
После неколку недели од поднесувањето на оставката, денес, конечно, Советот на Јавни обвинители донесе Одлука за престанок на функцијата Јавен обвинител по мое барање.
Во Обвинителството поминав десет години и три месеци и жалам што морам да кажам, ама го оставам во драстично полоша состојба од онаа на дента на мојот избор. Заробено од политиката, со воглавно уплашени и сервилни колеги (чест на исклучоците!), систематски и свесно урнисано во организациона смисла, селективно во прогонот, со негативна кадрова селекција…
Од личен аспект, задоволен сум од се: иако не успеав ништо да сменам во Обвинителството, сепак мојот успех е огромен бидејќи не дозволив Обвинителството да ме смени мене! Кога ќе погледнам во што се претворија многу од колегите сфаќам дека тоа е повеќе од успех!
На крај на сите што ме сметаа за слободоумен како обвинител, да им порачам дека се што зборував до сега, сепак беше подложено на некаква автоцензура заради функцијата. Сега, со престанок на функцијата ќе престане и автоцензурата или шо би рекол Sasa Sotarovski : жешка есен во најава! 😀
Бидете добри како што сте паметни и убави!
Мир на сите!
Советот на јавни обвинители ја донел одлуката на 25-ти јули неколку недели откако тој го поднел барањето.
– На денешната шеесет и втора седница, Советот на јавните обвинители, донесе одлука за престанок на функција јавен обвинител во ОЈО Охрид Воислав Димовски, по сопствено барање, се вели во соопштението од Советот.
извор: ФБ Војо Димоски
фото: ФБ